Целиот живот се бори со килограмите: Дури сега на 69 години изгледа совршено!
Открила и како го постигнала тоа
Опра Винфри конечно на 69 години има става каква што отсекогаш посакувала
Опра Винфри не ја пропуштила хуманитарната вечера на Фондацијата „Керинг“, каде што пристигнала беспрекорно облечена, уште еднаш истакнувајќи ја својата неверојатно вита става.
Добро познато е дека омиленото ТВ-лице со децении води битка со вишокот килограми, а сега конечно ја доби таа битка и гордо покажува дека сите жртви и трудот и тоа како се исплателе.
За оваа свечена пригода Опра Винфри облекла фустан од брендот „Ив Сен Лорен“ во виолетова боја, на тој начин оддавајќи му чест на филмот „Бојата на пурпурот“, во кој има играно и на чиј мјузикл работи моментално.
Фустанот што се спушта во V на деколтето и потоа се вкрстува на стомакот е неверојатно добар за прикривање на евентуалните недостатоци, но и за нагласување на адутите.
Дополнително се издолжила визуелно и со омилениот пар цени кожени чевли, исто така со потпис на „Ив Сен Лорен“, а сето тоа го заокружила со златен прстен и пар обетки во форма на солза, како и со црна кожена клач-чанта со златни детали.
Оваа 69-годишна актерка никогаш не криела дека се бори со вишокот килограми, но дури сега успеала да го стори тоа што го сонувала целиот живот. Како што открила, последнава година одлучила комплетно да ги промени сите навики што дотогаш ги имала.
Ја променила исхраната од темел и повторно ја зела во раце контролата врз сопствениот живот. Во најлошиот период од животот, Опра Винфри стигнала до 107 килограми, а и овој пат се одлучила за истата програма за губење килограми, со која веќе еднаш успеала да симне повеќе од 20 килограми.
Коментарите се заклучени.