Масажа која трае само 10 минути помага значително да се намалат нивоата на стрес

Истражување открива

Истражувачите следеле луѓе кои уживале во 10-минутна масажа и оние кои само малку се тргнале од обврските и седеле во мир. И во двата случаи, нивниот парасимпатичен нервен систем реагирал подобро на околината.

Постојат многу начини да се справите со стресот и да ги ублажите неговите ефекти, а новата студија на експерти од германскиот универзитет во Констанц покажува дека се доволни само 10 минути масажа на ден за да можете да се опуштите.

Истражувачите го анализирале влијанието на допирот врз парасимпатичкиот нервен систем – систем на нерви вклучени во релаксирање на телото – со поделба на учесниците во студијата во две групи, давајќи им на едната група удобна масажа на различни делови од телото, додека другата седела тивко без никакво допирање.

Една од масажите била масажа на главата и вратот, што се очекува да го стимулира парасимпатичкиот нервен систем со масирање на вагалниот нерв. Втората масажа се фокусирала на вратот и рамената и била „помека“, за да се види дали луѓето се опуштени од самиот допир.

Тимот го следеше нивото на физичка и психолошка релаксација на учесниците, прашувајќи ги за нивната емоционална состојба и набљудувајќи го нивниот пулс, како и варијабилноста на срцевиот ритам, покажувајќи колку парасимпатичкиот нервен систем реагира на стресот.

Врз основа на наодите од овие студии, тие заклучија дека само 10 минути одмор или масажа може да го намали нивото на стрес кај сите учесници, со тоа што масажите се поефикасни од самиот одмор. Учесниците пријавиле дека се чувствуваат помалку под стрес и порелаксирано, а исто така имале и подобрена варијабилност на срцевиот ритам.

Според авторите на студијата, ова значи дека нивниот парасимпатичен нервен систем бил во можност подобро да реагира на околината и да го релаксира телото. Најдобро од сè, ефектот може да се постигне и со масажа и со мирно седење.

– Многу сме охрабрени од наодите дека кратки периоди на одвојување од изворите на стрес се доволни за луѓето да го релаксираат не само умот, туку и телото – вели д-р Марија Мејер, една од авторите на студијата.

Колку и да звучи луксузно кога некој вели дека го поминале денот во велнес студио, или се препуштиле на 90-минутна масажа, ова истражување покажува дека релаксацијата е достапна за секого.

– Не ви треба професионален третман за да се опуштите. Ако некој нежно ви ги погали рамената или дури само ја потпреte главата на масата 10 минути, тоа е исто така ефикасен начин да ги опуштите „моторите“ што го возат вашето тело, вели Мејер. Тaa се надева дека наскоро ќе изврши анализа на други кратки релаксирачки методи, како што се вежби за дишење и медитација, за да утврди дали може да се споредат со ова.

Прочитајте и: Дали знаевте: Рузмаринот го намалува стресот

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.