Тврдење на онколог: Овој производ докажано ги уништува клетките на рак – доволно е да го јадете еднаш неделно!

Совет од експерти

Корисните состојки што ги содржи оваа житарка помагаат во чистењето на крвните садови, во разградбата на масните наслаги и во подобрувањето на целокупното здравје на организмот

Онкологот Мајк Хајмен тврди дека хељдата е најмоќниот производ што можете да го вклучите во исхраната. Постојат многу придобивки од оваа житарка, но докторот ги издвојува шесте најзначајни…

Лекување вируси и зајакнување на имунитетот

Хељдата со децении е многу популарна во традиционалната медицина, а нејзините лековити својства ги признала и современата медицина, па така таа се препорачува и за настинки и вируси. Хељдата ги напаѓа патогените и бактериите, ги уништува, а истовремено помага и во зајакнувањето на имунитетот.

Ги прочистува и зајакнува крвните садови

Хељдата ги зајакнува крвните садови толку добро што и фармацевтските корпорации ја користат во производството на лекови. Хељдата е особено корисна за луѓето кои страдаат од атеросклеротични нарушувања и дијабетес. Кашата од хељда помага за варикозни вени, срцеви и васкуларни проблеми.

Лекува анемија

Хељдата е богата со железо, па се препорачува за луѓе кои страдаат од анемија. Редовната употреба на хељда ќе го надомести тој недостаток.

Помош за слабеење

Хељдата одамна се користи како главен производ во разни програми за исхрана и диети. Таа е вкусна и нискокалорична. Богата е со микроелементи кои помагаат побрзо да се заситите. Спречува напади на глад, но ја намалува и желбата за благо.

Се препорачува за трудници

Оваа житарка содржи голема количина на фолна киселина, која е особено неопходна за здравјето на трудниците и фетусот, бидејќи ја подобрува хематопоезата и го прави телото поотпорно на негативните ефекти од опкружувањето.

Го намалува ризикот од рак

Можеби најзначајната придобивка што ја има хељдата за организмот е моќта да го намали ризикот од појава на рак и да го блокира развојот на веќе постоечките клетки на рак. Составот на хељдата му помага на телото да стане посилно и поотпорно на сите видови карцином, што е докажано со неодамнешно изтражување. Доктор Хајмен препорачува барем еднаш неделно хељдата да се најде на вашата трпеза.

Житарка со неверојатна моќ: Спас за жените во менопауза, лек за срцето – еве како се користи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.