Кој би рекол: Јелена Розга откри со кој сериозен здравствен проблем се соочува

Ненадеен напад, кој сменил се' во нејзиниот живот...

Популарната хрватска пејачка Јелена Розга пред да се фати за микрофонот, што би се рекло, играла балет. Таа целата своја кариера е позната по тенката и вита става, па затоа нејзиното откритите дека веќе неколку години се соочува со сериозен здравствен проблем ги затекна дури и најверните познавачи на нејзиниот лик и дело.

Имено, станува збор за болест за која кардиолозите велат дека може да се избегне доколку здраво се храниме и се занимаваме со умерена физичка активност… И избегнуваме стрес, пред се’!

 

Со денови чувствував дека нешто не е во ред, ама мислев дека станува збор за преголемстрес и премор, бидејќи беше јануари, а претходната година ми беше исклучително напорна. Тој ден ми беше дијагностицирана тахикардија, срцето толку силно ми чукаше што се исплашив дека само ќе се срушам на земја“, откри пејачката во разговорот за магазинот „Глорија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Проблемите со срцето ги открила по еден ненадеен напад, кој сменил се’ во нејзиниот живот…

Најважно е што помалку да се вознемирувам, и тоа не само поради срцето туку и поради штитната жлезда. По таа епизода во јануари 2018 година, немав поголеми проблеми. Благодарение на терапијата и на физичката дисциплинираност, одлично се чувставувам“, рекла Розга.

Таа последните три години е на терапија со бетаблокатори за срцето, а веќе со години има проблем и со штитната ѕлезда, заради која пие хормонска терапија секое утро. Болеста ја открила во 2016 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Се будев уморна, постојано чувствував замор и губев на тежина Отидов на лекар и добив дијагноза. Набрзо почнав да пијам лекови. Некогаш е тешко да живеам така, некогаш полесно. Тие проблеми ми влијаат на расположението, а во комбинација со стресот, се’ станува потешко“, искрена е Розга.

Фото: Јелена Розга

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.