„Кога ми е тешко во животот, секогаш се потсетувам на овие зборови“: Генијален совет на Ричард Гир за среќа!

Мудри зборови

Ова е неговата формула за среќа и успех

Доколку размислите убаво, ќе забележите дека Ричард Гир секогаш е насмеан. Тој вели дека тоа е така на јавните настапи кога е опкружен со фотографи, но и зад камерите, кога е меѓу своите четири ѕида.

Се обидува секогаш да биде смирен и да не бара проблеми таму каде што ги нема. Вели дека животот е онаков каков што ние ќе си го направиме. Секој е кројач на својата среќа.

Секако дека постојат ситуации кои не се поволни и денови што се полоши од другите, но и за тоа постои решение. Открил како му успева од секоја ситуација да излезе како победник и да не им дозволи на негативните емоции да го совладаат. Верувале или не, сето тоа го постигнува со помош на само една реченица.

„Постои една моќна вежба, многу едноставна, која почнав да ја користам пред повеќе години. Секогаш кога ќе сретнам на патот човек или инсект, првата помисла што му ја упатувам е: ’Ти посакувам среќа’.

Оваа идеја потполно го менува она што се случува меѓу вас и тоа битие. Зборувам од лично искуство. Понекогаш многу е тешко кога ќе сретнете непријател или кога неочекувано ќе се најдете лице в лице со тешка ситуација, а оваа мисла е многу корисна. Таа ќе ве научи да не им дозволите на негативните емоции да ве совладаат.“

Кога ќе забележите дека ви се јавуваат негативни емоции, пред да преземат контрола над вас, имате време да ги трансформирате. Претворете го гневот и лутината во љубов.

Позитивните мисли се клучот за среќен живот. Ако судиме по Ричард Гир, овој метод навистина дава резултати.

Еве зошто Ричард Гир е најскромниот, најчувствителниот, највнимателниот, најдарежливиот и најсмешниот маж што го запознала неговата Алехандра
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.