Вака Никола Тесла го тренирал мозокот: 3 навики што ги обновуваат мозочните клетки и го подобруваат помнењето!

Секој може да ги усвои!

Овие вежби се најдоброто нешто што можете да го направите за вашата психа

Тесла бил еден од најголемите генијалци и е најпознат по неговиот придонес во осмислувањето на електричниот систем на наизменична струја. Но во текот на животот, Тесла постојано работел на разни проекти и честопати ги реализирал до крај.

За да може мозокот да произведува нови идеи и да се спречи неговото стареењето, потребно е да се тренира, исто како и мускулите во вашето тело. Ако сакате да го спречите прераното пропаѓање на мозочните клетки, важно е да усвоите одредени навики.

Ова се навиките благодарение на кои Тесла успеал да биде неприкосновен иноватор, а секој од нас може да ги усвои…

1. Добро размислете пред да направите нешто

Никола Тесла често говорел дека можел да ги замисли машините и ретко правел нацрти пред да почне да работи на нивната изградба. Овој процес на визуелно размислување не е својствен за сите луѓе, но основаната идеја е да се сконцентрирате на конечниот производ. За креативно размислување честопати неопходно е да се опуштите и да поработите на проблемот во својата глава.

Во својата автобиографија, Тесла вака го опишува овој процес:

„Мојот метод е поинаков. Јас не брзам со конкретната работа. Кога ќе добијам идеја, веднаш почнувам со нејзина изградба во мојата имагинација. Ја менувам конструкцијата, правам поправки и управувам со машината во својата глава. За мене потполно неважно е дали тестирам турбина во глава или во работилница. Забележувам дури и ако не работам добро. Нема разлика, а резултатот е ист“, напишал Тесла.

Оваа визуализација значително придонесува за работата на мозокот.

2. Одете на прошетка

Познато е дека одењето на кратка прошетка има свои предности кога станува збор за креативноста. И Тесла го делел ова мислење, но иако неговите прошетки станале дел од опсесивно-компулсивното однесување, тој неколку „еурека“ моменти имал токму додека шетал.

Една од нив му ја донела идејата за наизменична струја, во 1881 година. Тесла се преселил во Будимпешта, каде што закрепнувал од нервен слом, а додека со пријателот шетал во паркот рецитирајќи поезија, одеднаш му дошла идеја за наизменична струја.

3. Работете на проблемите сами

Како и многу други иноватори и креативци, и Тесла ја застапувал тезата дека треба да се осамите за време на создавањето и размислувањето.

Ова е еден од неговите познати цитати:

„Умот е поостар и поконцентриран во осаменост и непрекината самотија. За размислување не треба никаква голема лабораторија. Оригиналноста доаѓа од осаменоста ослободена од влијанијата што го оштетуваат креативниот ум. Бидете сами, тоа е тајната на пронаоѓачите, бидете само, тогаш се раѓаат идеите“, тврдел Тесла.

Колку е развиен вашиот мозок: Овој тест открива дали вашите сиви клетки се активни или потрошени! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.