Кога Далај Лама го прашале што е среќа, еве што рекол: Неговиот одговор ќе ве научи повеќе да го цените животот!

Највредната лекција

Во овие зборови се крие сета животна мудрост

Во текот на едно интервју, го прашале Далај Лама што најмногу го изненадува на овој свет и која е суштината на животот. Неговиот одговор ќе ве натера да застанете и да размислите за патот на кој се наоѓате…

„Она што најмногу ме изненадува е човечката природа. Луѓето го жртвуваат своето здравје за да заработат пари. Потоа, ги жртвуваат парите за да го обноват своето здравје, а потоа, толку се грижат за иднината што не уживаат во сегашноста. Како резултат на тоа, тие не живеат во сегашноста или иднината, живеат како никогаш да не ќе умрат, а потоа умираат како никогаш да не живееле.“

Живееме многу чудно и нелогично. Одиме на работа што не ја сакаме за да заработиме пари, кои потоа ги трошиме на лекување. Кога го правите она што не можете да го издржите, тоа неизмерно ви го нарушува здравјето. Сите го разбираме тоа, но од некоја причина цврсто веруваме дека парите можат да поправат сѐ.

Застанете и размислете: Парите не можат да купат ни среќа ни здравје. Тоа е единствената вистина за која треба да се размисли. Суштината на животот е да се биде среќен.

Сепак, сите наши мисли се окупирани со материјални работи. Понекогаш се чини дека сме на оваа Земја само за да работиме и да заработуваме пари. На некој начин, живееме како робови, само што не сме свесни за тоа.

Заштитете се од токсични луѓе и негативна енергија: Правила на Далај Лама за мирен и хармоничен живот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.