Монах од Етиопија стар 114 години оздравел од коронавирус!

Чудо!

Лекарите го сметаат неговиот случај за неверојатен

Семејството на монахот Тилахуна Волдмајкл тврди дека тој има 114 години, што значи дека тој би бил најстариот човек на светот кога би имал официјален документ што може да го потврди тоа.

Докторите инаку истакнуваат дека најранлива група, ако се заразат со ковид-19, се лицата постари од 80 години, а овој стогодишник, монах во етиопската православна црква, бил отпуштен од болница по помалку од три недели.

„Додека бев во болница му се молев на Бога за здравје. Плачев и се молев цела земја повторно да биде здрава“, рекол монахот за Би-Би-Си.

Тилахун дознал дека е позитивен на ковид-19 во спорадично тестирање кое било спроведено во неговото соседство во Адис Абеба и бил примен во болница пред да му се појават симптоми на болеста, што на медицинскиот тим му дало можност проактивно да го лекува и внимателно да го набљудува од самиот почеток.

Штом се појавиле симптоми, добил кислород, антибиотик и дексаметазон, евтин и широко достапен стероид за кој англиските истражувачи наведуваат дека го намалил бројот на смртни случаи кај тешки болни пациенти за една третина.

Болницата не можела да потврди дали старецот навистина има 114 години, но според мислењето на медицинскиот тим, сигурно е постар од 100 години. Лекарите процениле дека е стар 109 години.

Дома го негува внук му кој изјавил дека неговиот дедо се чувствува и изгледа добро и покрај годините и дека по болеста единствено малку му ослабел гласот.

Во Етиопија досега се потврдени 5.570 случаи, а починале 94 лица како последица од заразата со коронавирус.

Велика Британија започна со тестирање на вакцина против коронавирус на луѓе
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.