Велика Британија започна со тестирање на вакцина против коронавирус на луѓе

Вакцината Ковид-19 ќе биде дадена на околу 300 луѓе во наредните недели, сите како дел од експериментот „Империјал колеџ“ во Лондон, предводена од професорот Робин Шаток и неговите колеги!

Тест вакцинацијата досега се спроведуваше врз животни и досега не посочи дека вакцината е безбедна и предизвикува имунолошки одговор на овој вирус.

Кети, финансиски работник, беше меѓу првите кои учествуваа во тестирање на вакцината против коронавирус. Таа рече дека волонтирала затоа што сака да учествува во борбата против пандемијата.

„Јас аплицирав затоа што сакав да помогнам во борбата против коронавирусот. Состојбата веројатно нема да се врати во нормала додека не се најде вакцина за овој вирус. Затоа сакав да бидам дел од оваа приказна“, рече таа.

По првата фаза на тестирање, за октомври е планиран уште еден тест, во кој ќе учествуваат 6.000 лица.

Тим од Империал колеџ во Лондон се надева дека вакцината за Ковид-19 ќе биде дистрибуирана во Велика Британија и во странство во 2021 година.

Прочитајте и: Коронавирусот тешко ќе опстане во организмот што ги има овие витамини: Пијте го ова како превенција!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.