Најздравиот оброк на светот: Ваквиот ручек го чува здравјето и ги топи килограмите за рекордно време!

Мора да пробате!

Нутриционистите го откриле рецептот за идеален оброк што го чува здравјето, но и линијата

Буда-чиниите се јадења што се приготвуваат во поголеми чинии, со комбинација на свежи намирници, така што формираат супер-оброк полн со витамини, минерали, протеини и други благотворни состојки за нашиот организам. Освен тоа, убаво изгледаат.

Во Азија културата за храна е многу истанчена, Азијците посветуваат особено внимание на храната и здравата исхрана, речиси и да не консумираат млечни производи, месо јадат во посебни пригоди, повеќе внесуваат овошје и зеленчук, па затоа се сметаат за најздрава нација.

Главната состојка на овој оброк се леблебиите, а кога станува збор за биохемискиот состав на леблебијата, исушеното зрно на оваа мешунка содржи 23% протеини, 53% јаглехидрати, 4-5% растително масло, 3-5% целулоза и 3% минерални материи.

Леблебијата несомнено е еден од најдобриот извори на протеини, влакна, витамини Б6, железо и магнезиум.

Освен што овој оброк го чува здравјето на целиот организам, тој помага и за слабеење, бидејќи го сочинуваат нискокалорични состојки кои лесно се варат.

Заменете го вообичаениот ручек со буда-чинија на здравјето и ќе забележите драстична разлика.

Состојки за 2 лица:
  • 1 шолја варена леблебија
  • 1 тиквичка
  • 1 помал црвен кромид
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • 2 моркова
  • 1 шолја варена пченка
  • 1 црвена пиперка
  • 3 лажици таан
  • сок од половина лимон
  • 1 чешне лук
  • сол и бибер по вкус
  • 1/2 лажиче црвен пипер
  • печени семки по желби
  • свежи листови магдонос
  • маслинки (по желба)
Приготвување:

На маслиново масло динстајте исечкан кромид неколку минути, па додајте морков и тиквичка исечкани на коцки. Динстајте уште 10 минути, додајте мелен пипер, па сипете малку вода и поклопете. Гответе со мешање додека водата испари и зеленчукот омекне.

При крај, додајте ја варената леблебија, сол и зачини по желба. Таанот измешајте го со сок од лимон и ситно сечкан лук, па додајте сол и бибер по вкус.

Во длабока или плитка чинија, декорирајте ја леблебијата со зеленчук, сечкан свеж домат и црвена пиперка, варена пченка и прелив од таан. По желба, можете да додадете зелени или црни маслинки. Посипете со печени семки и свеж лист од магдонос.

Добар апетит!

Еве што ќе се случи со вашето тело ако со секој оброк јадете салата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.