Заштитете се од токсични луѓе и негативна енергија: Правила на Далај Лама за мирен и хармоничен живот!

Вреди да прочитате!

Оддалечете се од оние што секогаш ви зборуваат за своите проблеми, катастрофи и стравови и оние што секогаш ги критикуваат другите“, Далај Лама

Сите сме придвижени од енергијата. Таа ни овозможува да ги постигнеме посакуваните резултати, да си го подобриме животот и да постигнеме внатрешен мир. Затоа многу е важно да се грижиме за неа, секојдневно да ги надополнуваме резервите и да си го чуваме мирот. Така човек станува најдобра верзија од себе.

Со оглед на влијанието што енергијата го има врз нас, Далај Лама идентификува 6 категории на енергетски вампири и говори за начините на кои ефикасно може да се изборите против токсичните луѓе, кои не носат ништо добро со себе. Ако ги усвоите овие техники, ќе постигнете мирен и хармоничен живот.

„Велат дека нашите непријатели се најдобри учители. Тие не’ учат колку се важни трпението, контролата и толеранцијата. Нивната примена станува возможна во моментот кога ќе се сретнеме со тие непријатели“, Далај Лама.

Стресните ситуации се дел од секојдневјето. На работа и во блиското опкружување можеме да се сретнеме со такви ситуации, а за да постигнете хармонија, применете ги следниве принципи.

Прифатете ја сегашноста и ситуациите што не можете да ги промените

Живееме во време кога се’ се случува многу брзо. Не уживаме во сегашноста и постојано мислиме на иднината и на новите планови. Не го цениме доволно тоа што веќе го имаме.

Оваа состојба не’ тера да ги негираме сите негативни ситуации, бидејќи не сме во состојба да признаеме дека не можеме да ги промените. Затоа би требало да ги препознавате и прифаќате проблемите како мантра. Ако го прифатите она што не можете да го смените, ќе си направите услуга.

„Прифатете. Тоа не значи дека се повлекувате. Ништо не троши поголема енергија од конфронтацијата и борбата со ситуацијата што не може да се промени.“

Одморете се кога се чувствувате исцрпено

Способноста да му се спротивставите на времето и да не станете негов роб е бесценета.

„Дозволете си себеси да одморате кога тоа ќе ви затреба, дури и кога сте во големо брзање. Угодете си себеси.“ 

Многу е важно да знаете кога да застанете и одморите, а кога е време за акција. Ако не постои такво разбирање, тогаш не се цените себеси и твојот живот. Кога не го слушате своето тело, им отворате врата на проблемите и депресијата, кои ве парализираат и ве спречуваат да станете најдобрата верзија од себе.

Опкружете се со позитивни луѓе

Кога зборуваме за вистинските луѓе, мислиме на оние што секогаш се тука за нас и кои не очекуваат ништо за возврат. Луѓето што не’ мотивираат да станеме подобри се вистинските луѓе.

„Оддалечете се од оние што секогаш ви зборуваат за своите проблеми, катастрофи, стравови и оние што секогаш ги критикуваат другите.“   

Грижете се за здравјето

Здравјето е основен столб без кој не можеме да управуваме во животот.

„Здравјето треба да биде ваш приоритет. Без тело што може да го даде својот максимум, многу малку ќе можете да постигнете. Одморете се.“     

Научете да простите

Ослободувањето од негативните емоции, како што се тагата, лутината и жедта за одмазда, може да му го подобри животот на човекот и со текот на времето ќе ви стане јасно дека сте донеле правилна одлука што сте се ослободиле од овие негативни мисли.

„Ослободете се од ситуациите поради кои страдате. Секогаш можете да одлучите да ја оставите сета болка во минатото.“                   

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.