Ќелавиов „буцко“ е еден од најубавите холивудски актери, дали погодувате кој? (ФОТО)
Добра маска
Иако вака маскиран веријатно ни мајка му не би го препознала лесно, на фотографијата е актерот Џаред Лето, по кого „лудуваат“ милиони жени од светот.
Џаред во ова издание беше снимен во Милано на сетот за филмот „Куќата на Гучи“, во кој го глуми Паоло Гучи, поранешниот потпреседател на модната компанија „Гучи“.
Инаку, за Џаред ваквите драстични трансформации не се нешто ново.
View this post on Instagram
Во филмот Dallas Buyers Club глуми трансродова жена, а во „Реквием за сонот“ хероински зависник, улога заради која ослабна 12 кг за само 2 месеца, додека, пак, за улогата во Chapter 27 мораше да се здебели 30 кг.