Гастроентерологот Марвин Синг секое утро го пие ова и тврди: Оваа напивка има благотворно дејство на целиот организам!

Вкусно и здраво

Ако сакате подобро здравје, редовно пијте ја оваа напивка

Здравјето на системот за варење, особено добрите бактерии, се многу важни за одржување на нормалните функции на целиот организам.

Од микробиомот зависи имунитетот, варењето, па дури и расположението, а постојат намирници што особено му годат.

Такви се разните чаеви, а гастроентерологот Марвин Синг објаснил кој од нив го пие секој ден и зошто.

Зелениот чај со јасмин може да се пие топол или ладен, многу е вкусен, а со додаток лимон или мед, станува вистинска бомба за здравје.

„Зелениот чај содржи антиоксиданси, како и фитохемикалии со кои се хранат добрите бактерии, особено акермансија муцинифила, која се наоѓа на ѕидовите на цревата. Тие ги намалуваат воспаленијата во гастроинтестиналниот тракт, што значи дека го намалуваат ризикот од заболувања“, рекол тој.

Истражувањата покажале дека зелениот чај ги подобрува и когнитивните функции и помага во борбата против симптомите на депресија.

Започнете го денот со оваа напивка и ќе пукате од здравје: Невидено моќна комбинација на магдонос и лимон!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.