На 7 години изгледал како новороденче: Докторите не му давале никакви шанси, а неверојатно е тоа како изгледа денес!

На 7 години имал 4 килограми

Имал 7 години и личел на новороденче, но сега неговата состојба многу се подобрила

Момчето Рајан Морс (15) билo на работ на смртта во едно сиропиталиште, кога Присила Морс го посвоила и му дала уште една шанса за живот.

Оваа Американка видела фотографии од неухрането 7-годишно дете на социјалните мрежи и решила да го посвои. Состојбата на Рајан била многу тешка: имал само 3,6 килограми, а неговото слабо тело било покриено со влакна. Повеќе личел на новороденче одошто на момче од 7 години.

Спасувањето на бебето Рајан

Во ноември 2015, Рајан дошол да живее со семејството Морс.

„Беше коски и кожа. Буквално изгледаше како костур. Првото нешто што ми помина низ глава беше: ’тој ќе умре’“, се присетила Присила Морс.

Кутрото дете имало низа здравствени проблеми, вклучувајќи церебрална парализа, сколиоза, микроцефалија – вроден дефект што влијае врз растот на мозокот и големината на главата. Итната медицинска помош била клучна за секоја надеж и спас на бебето Рајан.

„Никогаш во животот немам видено доктори да погледнат дете и да прснат во солзи“, открила Присила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ryan Morse (@theryanmorse)


Таа продолжила да објаснува:

„Сите кажаа дека нема шанси да преживее.“

Рајан поминал еден месец во болница. Докторите не биле сигурни дека ќе успеат да го спасат. Било откриено дека боледува од состојба што му отежнува на неговото тело да ги свари хранливите материи кои се немал навикнато да ги консумира. Неговото тело одбивало храна.

Неверојатна трансформација

И покрај сите предизвици и посебни медицински потреби, семејството Морс никогаш не се откажало од спасувањето на Рајан. Докторите успеале да му постават сонда за хранење, која му помогнала да ја добие храната без која не можел да преживее.

Како што зајакнувал, така неговата здравствена состојба се подобрувала. И неколку години подоцна се случила неверојатна трансформација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ryan Morse (@theryanmorse)

Рајан наполнил 15 години во мај 2023 година. Неверојатно е тоа да се види колку далеку стигнал!

Докторите и терапевтите на Рајан се надеваат дека момчето ќе продолжи да напредува и дека ќе го постигне својот полн потенцијал.

„Тоа ќе биде долг процес. Седум години занемарување дете не може да се поништат во еден ден“, изјавила таа.

Рајан треба уште многу да закрепнува, но неверојатниот напредок што веќе го постигнал е доволен доказ дека никогаш не треба да се откаже.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.