ГОТВЕТЕ НАСМЕАНИ: Напивка за детокс од кујната на Дејв

Dave's Kitchen

Одлична идеја доколку сакате да го прочистите организмот

Започнете го денот со овој вкусен, природен и здрав сок, за есен полна свежина, по рецепт на Давор Панчевски.

Состојки:
  • 3 портокали (или лимети)
  • 2 лимона
  • 2 см изрендан ѓумбир (можете да го истискате ренданиот ѓумбир за да излезе само сокот)
  • парчиња краставица
  • парчиња лимон, портокал или лимета
  • свежо нане
  • малку мраз
  • 1-2 капки прополис (може да го исклучите доколку сте алергични)
  • 1/2 лажиче мед (опционално)

Приготвување:

1. Со цедалка исцедете ги портокалите и лимоните.

2. Додајте вода по желба и исцеден ѓумбир. Можете да го изрендате на ситната страна од рендето и да го истискате за да излезе целиот сок.

3. Во чаши сервирајте со нане, мраз, парчиња овошје и малку прополис и мед по желба.

4. Истава варијанта може да ја направите и само со лимета. Забавно готвење!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.