Карантин без здодевност: Брендот Ботега Венета создаде интернет платформа

Филм за време на викендите, кулинарски работилници и концерти во живо.

Водечките модни брендови за време на појавата на коронавирусот се движат низ Интернет. Модната компанија Ботега Венета го најави лансирањето на виртуелна платформа која ќе служи како извор на инспирација и поддршка за сите фанови на италијанската куќа.

Омилениот бренд на Рози Хантингтон-Вајтли и многу други модни sвезди, го именуваа својот проект Bottega Residence. Креативниот директор Даниел Ли на платформата направи комбинација на напредни музичари, режисери, писатели и уметници за да ги воодушеви посетителите во виртуелниот простор.

Прочитајте и: Моден тренд: Ова е најпосакуваниот пар чевли за престојното лето (ФОТО)

Во работните денови, дизајнерот и уметник Дејвид Вајт ќе ги сподели своите омилени претстави, дела на литературата и сликарство. А викендот ќе биде исполнет со настапи во живо од музичари, кулинарски курсеви од мастер-готвачи и филмски проекции во недела навечер.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.