Ќе ви ги прочистат белите дробови од насобраните токсини со неверојатна брзина: Овие намирници треба да ги јадете секој ден!

Корисно!

Доколку ги воведете овие намирници во исхраната, белите дробови ќе ви бидат благодарни

Оваа храна ќе ви помогне да се ослободите од насобраните токсини во белите дробови. Кога белите дробови се чисти, постои помала шанса за заболување од рак, како и од разни респираторни инфекции.

Еве кои намирници се најдобри:

Пченка

Пченката содржи бета-криптоксантин, кој е силен антиоксиданс и ги штити белите дробови од појава на рак.

Бразилски орев

Содржи поголема концентрација на селен од која било друга намирница, а со оглед на тоа што и тој важи за еден од најмоќните природни антиоксиданти, не би било лошо почесто да го користите во вашето мени.

Лук и кромид

Лукот е неверојатен прочистувач на белите дробови. Покрај тоа што ги чисти белите дробови, лукот е и неверојатен производ за борба против рак. И кромидот и лукот можат да спречат многу болести, како што се инфекции и рак на белите дробови. Она што е исто така интересно во врска со лукот и кромидот е тоа што спречуваат ширење на ракот кај пациенти со дијагноза рак на белите дробови.

Ѓумбир

Ѓумбирот ќе ви помогне да спречите многу болести и ќе ви помогне да се ослободите од токсините насобрани во белите дробови. Можете да пиете чај од ѓумбир, кој ќе ви го олесни дишењето или можете да додадете малку ѓумбир во јадењата, како зачин.

Портокал

Портокалите исто така содржат криптоксантин, кој може да ви помогне да ја намалите веројатноста за појава на рак на белите дробови.

Коприва

Копривата е многу корисна за дезинфекција на белите дробови и борба против рак. Чајот од коприва традиционално се користи за плакнење на устата и грлото и исто така може да помогне во борбата против рак на белите дробови.

Пробајте ја и оваа терапија со сода бикарбона која ги прочистува дишните патишта и ја смирува кашлицата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.