Ја воодушевил колешката: Еве што им порачува Џорџ Клуни на жените со вишок килограми!

„Кажете им на сите да се гонат!“

Холивудската легенда жестоко им се спротивставила на дискриминациите

„Мажите како Џорџ Клуни се толку ретки што речиси секоја негова реченица може да се стави во книга за бонтон, а истата таа книга би требало да се чита пред спиење. Тогаш можеби овој свет би бил поубаво место за живеење, а жените би се чувствувале многу посигурно во својата кожа“, рекла актерката Џули Вила која работела со актерот на еден деловен проект.

Таа раскажала еден настан, поради кој, како што вели, се вљубила во Џорџ Клуни.

„Почнуваме со снимање, во тек беа последните подготовки, а тогаш некој од продуцентите ми кажа дека би требало да ослабам, бидејќи имам неколку вишок килограми. Веднаш потоа, ми се приближи Џорџ и ме праша дали им кажав да се гонат“, рекла актерката и додала:

„Тогаш се вљубив во него. Секогаш кога во текот на кариерата ми велеа дека морам да бидам послаба, ми одѕвонуваше неговиот глас кој ми велеше: ‘кажи им да се гонат’. Стандардите на Холивуд за женското тело се брутални, а тој отсекогаш разбирал како тоа влијае врз нас жените и сакаше да ни даде поддршка“, рекла актерката.

Ние можеме да додадеме само: секоја чест, мајсторе! Некој мораше и тоа да го каже…

Неверство или нешто друго? Излегоа детали од брачниот живот на Џорџ и Амал Клуни!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.