Неверство или нешто друго? Излегоа детали од брачниот живот на Џорџ и Амал Клуни!

Брачна криза

Еден од најпознатите парови во Холивуд, Амал и Џорџ Клуни, поминува низ брачна криза

Се наведуваа најразлични причини за развод: од тоа дека актерот се грижи за безбедноста на своите деца, близнаците Ела и Александар, поради заканите што ги добива неговата сопруга поради своите политички ангажмани, до тоа дека Џорџ ѝ е неверен на својата убава сопруга.

https://www.instagram.com/p/BwQ0nsOhGDy/?utm_source=ig_embed

„Џорџ не е навикнат да му се наредува и не го поднесува тоа, а Амал почна да ја гуши нивниот однос и никако не ѝ се допаѓаше тоа што постојано мора да чисти по него“, открил извор за странските медиуми.

https://www.instagram.com/p/CAGn1C9p4qo/?utm_source=ig_embed

Како што озборувањата станувале сѐ погласни, Џорџ сепак решил да го прекине молкот преку својот тим за односи со јавност. Тогаш демантирал дека се разведува, но сега пристигнува информацијата дека брачните несогласувања повторно се актуелни.

https://www.instagram.com/p/Bjto-IzFWUt/?utm_source=ig_embed

Парот, наводно, се расправа затоа што Џорџ често патува во Италија, што на Амал ѝ пречи и ја загрижува, пишуваат странските таблоиди. Адвокатката не сака да ја менува адресата на живеење, бидејќи не сака да прави пауза во кариерата.

Џорџ своевремено нагласил дека не сака да го коментира својот приватен живот, но извори блиски на парот тврдат дека тие вредно работат на решавањето на оваа брачна криза.

И вие ќе поцрвените кога ќе ги прочитате зборовите на Џорџ Клуни упатени кон Амал!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.