Ја сакал страсно и доживотно: Ова е мажот што 20 години го посетувал гробот на Мерилин Монро и ѝ носел црвени ружи

Нејзината смрт длабоко го погодила

Мерилин Монро за време на својот краток и бурен живот склучила три брака, од кои вториот ѝ бил со славниот американски бејзбол-играч Џо Димаџо.

Имено, мислејќи дека е типичен арогантен спортист и вистински егоцентрик, една од најубавите холивудски актерки не ни сакала да го запознае, но Џо успеал да ја разубеди и да ја освои.

Парот се венчал на 14 јануари 1954 година, две години откако се запознале. Тоа воедно бил и втор брак на познатата актерка која од 1942 до 1946 година била во брак со Џејмс Доерти, американски полицаец.

За меден месец, младенците отпатувале во Јапонија, но тогаш исто така тие ја посетиле и Кореја. Во текот на патувањето, Мерилин имала неколку закажани средби и настап пред 100.000 војници, кои таму служеле, а тоа особено го нервирало нејзиниот сопруг – сакал медениот месец да им биде интимен.

Иако на фотографиите Мерилин и Џо изгледаат среќно и заљубено, за жал, станува збор зачиста глума…

При снимање на сега веќе култната сцена со здолништето во филмот „The Seven Year Itch“, имало мал конфликт меѓу нив.

Имено, додека Били Вајлдер инсистирал сцената да се повтори неколку пати, што собраната публика со воодушевување го прифатила, Џо само загрижено гледал отстрана. Неколку сведоци подоцна откриле дека Монро и Џо имале расправија во лобито од хотелот.

Само еден месец подоцна, во октомври, по 274 дена заеднички живот, Мерилин ги поднела документите за развод поради психичко малтретирање.

По разводот, Димаџо престанал да пие, почнал со терапија и одлучил да ја прекине спортската кариера. Тогаш го следела репутација на „заводник“, а тој неколку пати истата ја демантирал. Во меѓувреме, Мерилин се венчала и развела од писателот Артур Милер.

Во февруари 1961 година нејзиниот психијатар ја испратил во психијатриската клиника „Payne Whitney Psychiatric“, каде што, според Доналд Спот, била сместена на одделението за најтешки случаи.

Поради тоа што не можела сама да се одјави од болницата, го повикала Димаџо кој ја изнел оттаму. Подоцна таа му се придружила во Флорида.

Нивната приказна за тоа дека се само добри пријатели не ги запрела шпекулациите дека тие повторно се заедно.

Според Мори Ален, на 1 август 1962 година Џо, верувајќи дека неговата поранешна сопруга соработувала со луѓе кои ќе ѝ наштетат, како што е Френк Синатра, дал отказ на местото на тренер за повторно да ја запроси.

За жал, не стигнал да ја спаси. Мерилин била пронајдена мртва во својот стан само четири дена подоцна. Димаџо го презел нејзиното безживотно тело и организирал погреб.

А, колку ја сакал сведочи и гестот кој е релативно непознат. Имено, 20 години на нејзиниот гроб три пати неделно носел букет од црвени ружи.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.