Џенифер Лопез не е добредојдена во животите на трите деца на Бен Афлек

Џенифер Гарнер забрани да им приоѓа

Џенифер Лопез (51) се врати во животот на бившиот Бен Афлек (48) со кого ја раскина свршувачката пред 17 години, меѓутоа, не е добредојдена во животите на неговите три деца, 15-годишната Виолет, 12-годишната Серафина и 9-годишниот Самуел, кои ги има од бракот со актерката Џенифер Гарнер (49).

Според National Enquirer, поранешната сопруга на Бен не ја поддржува неговата старо-нова врска со латино-дивата и забрани таа да им приоѓа на децата.

Џен за сето ова со Џеј Ло е многу тажна затоа што е свесна колку е нестабилен Бен во моментов и колку е збунувачко обновувањето на старата љубов. Тој е изгубен веќе некое време и тоа се гледа од ваквите несвесни и ненадејни одлуки. Но, како и секогаш, Бен не сака нечија помош, па овој пат ќе мора да се изгори на сопствена кожа, но на Џен ѝ е преку глава“, изјавил неименуван извор за споменатиот медиум, откривајќи дека актерката одлучила нејзините деца да не ја запознаат новата жена во животот на татко им.

 

Кога Бен беше со Ана де Армас, на Џенифер не ѝ пречеше да биде вклучена во животот на нивните три малечки, пред се’, затоа што чувствуваше дека врската е сериозна и води кон заедничка иднина. Но, откако раскинаа, таа одлучи дека повеќе не сака да ги вовлекува децата во љубовниот живот на нивниот татко, па му забрани на Бен да ги запознае децата со Џеј Ло. Гарнер е свесна дека ова е само минлива авантура и на нејзините деца не им треба друга личност која ќе влезе во нивните животи преку ноќ и ќе ги напушти исто толку брзо“, рекол изворот.

Да потсетиме, Џенифер беше во брак со Бен од 2005 до 2018 година, и покрај скандалозниот медиумски развод, двојката остана во пријателски односи, пред се’, заради нивните три деца.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.