И тоа го имало: Се откажа од славата за да живее на фарма и да се занимава со земјоделство

Холивуд не го исполнувал

Верувале или не, американскиот актер Адријан Грениер, кој јавноста го памети по улогата во серијата „Антураж“ и филмот „Ѓаволот носи Прада“, го смени начинот на живот, и тоаод корен, би рекле.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adrian Grenier (@adriangrenier)


Имено, својот раскошен дом во Лос Анџелес го замени со фарма во Тексас и стана земјоделец. Неговиот имот се наоѓа во градот Бастроп, недалеку од Остин.

Имотот го купив во 2016 година, а во декември минатата година одлучив да се преселам на него. Остин е космополитски град, каде што најдов пријатели, малку по малку оттука почнав да водам бизнис и се навикнав на темпото на живот не толку бурно како во Лос Анџелес, па одлуката за преселување беше очекувана“, изјавил Адријан за списанието „Остин лајф “

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adrian Grenier (@adriangrenier)

Ми се допаѓа што луѓето овде се еднакво успешни како во Калифорнија, но не се фалат со тоа. Тексашаните веднаш ме прифатија”, додаде тој.

На имотот заедно со неговата девојка Џордан Ромеле одгледува праски, јаболка, смокви и планира да создадат засолниште за диви животни.

Актерот работи и на реконструкција на езерцето затоа што сака да додаде риба на своето мени, а особено е горд на својата органска градина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adrian Grenier (@adriangrenier)

Адријан вели дека е активист за животна средина веќе 20 години и затоа го напуштил Холивуд.

Постигнав професионален врв што не ме исполни. Работиш напорно за да бидеш славен и да заработиш многу пари, но кога ќе го направиш тоа, сфаќаш дека не е тоа вистинското”, рече актерот.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.