„Имаше пропусти“: Лепа Брена искрено за бракот со Боба ипродажбата на „Гранд“

Фото: Мирко Табашевиќ

„Мислам дека се потрудив моите песни да станат евергрини“, порачува мегапопуларната пејачка.

Лепа Брена во 2021 година прослави 40 години професионално занимавање со музика, но и 30 години хармоничен брачен живот со поранешниот тенисер и бизнисмен Слободан Боб Живојиновиќ. Таа признава дека овие два значајни настани ја одбележаа оваа година, покрај многубројните патувања.

Ова се сериозни јубилеи и да не беше професионалната пауза што ни ја донесе пандемијата, немаше да можам да ги сумирам работите што ги направив, да им се посветам на децата, семејството и на Боба“,  пејачката го објаснува клучот за нејзиниот успешен брак, додавајќи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Во брак сме 30 години, но целиот тој период беше полн со патувања и физичка разделеност. Разбирањето е суштината на опстанокот на бракот. Кога имате работна пауза која трае цели две години, тогаш можете да видите што сте правеле во животот, што било феноменално, а кои се пропустите. Не се гради голема кариера ако не живееш за неа и не се жртвуваш. Среќна сум што во тоа бев компатибилна со Боба. Во деловните цели си дававме поддршка, а кога одмораме и уживаме, посветени сме си на едноставен и човечки начин“, објаснува фолк дивата.

Иако „Гранд-продукција“, чиј основач беше таа, минатата година беше продадена и го смени сопственикот, Лепа Брена коментираше зошто јавноста сè уште ја поврзува со оваа компанија.

Драго ми е што Гранд се’ уште се врзува за моето име. Сепак, јас бев таму со мојот лик, име и дело и одлично го задржав и презентирав кредибилитетот на таа куќа. Гранд беше и ќе остане наше дете, кое има 21 година, а денес е зрела и стабилна компанија, која има добра основа и добро развиена организација, а се надевам и нови стратешки цели. Емотивно сум врзанa за Гранд и ќе бидам таму за секаква стручна помош. За мене е важно кога снимам албуми да знам дека сум во домаќинска, пријателска и професионална куќа“ – изјави таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.