ХРОНИЧЕН СТРЕС е сигурен пат до лудило: Доведува до изумирање на нервните клетки

Доколку стресните ситуации ви станат секојдневие, вашите сиви клетки ќе почнат да умираат, што ги загрозува вашето внимание, чувства, донесување одлуки… Токму затоа мора редовно да го подигате нивото на хормоните на среќата во вашето тело.

Историјата на психијатријата може да се проучува на убиствата на американските претседатели. Приближно еднаш на секои 20 години се појавуваше нов психопат што „ја спасуваше нацијата од тиранинот“. Еден од нив е Леон Чолгош, кој пукаше во 25-от американски претседател Вилијам Мекинли.

Чолгош бил обичен човек, кој постојано бил под стрес: не бил популарен меѓу девојките, заработувал малку пари, а потоа добил и отказ. Тоа и било катализатор за нервниот слом. Челгош станал нервозен, осамен, страдал по пријатели и замислена работа. Хроничниот стрес довел до изумирање на невроните и непредвидливо размислување и однесување на овој човек…

Се разбира, ова е редок случај. Најчесто, луѓето се жалат на губење на меморијата, брзо заморување, лесно возбудување и вознемиреност.

Нивото на кортизол

Штом организмот сигнализира опасност, од кората на надбубрежните жлезди се лачи хормонот кортизол. Тој го активира нервниот систем: срцето чука побрзо, крвниот притисок се зголемува итн. Доколку тоа стане хронично, следува уништување на невроните во мозокот.

Прво страдаат фронталните лобуси, одговорни за внимание, контрола на емоциите, планирање, донесување одлуки и краткорочна меморија. Токму поради тоа човекот под стрес заборава, не може да се смири ниту да донесува одлуки.

Што да се прави?

Подигнете го нивото на „хормонот на среќата“ серотонин и намалете го стресот на следниов начин:

* Јадете правилно: серотонинот се синтетизира од триптофан, аминокиселина што се наоѓа во протеините (јајца, пилешко, бакалар, костреш, сирење, младо сирење), како и во семките од тиква и сончоглед и во црното чоколадо.

* Избегнувајте шеќер, никотин, алкохол и кофеин: тие предизвикуваат краткотрајно подобрување на расположението, по што се јавува синдром на повлекување.

* Спортувајте: 15-20 минути вежбање дневно е доволно.

* Разговарајте со луѓе што ве слушаат и разбираат.

* Сонцето – најдобриот подобрувач на расположението, почнувајќи од утрото.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.