Гоца Тржан предизвика лавина од коментари поради објавата за абортусот

Гоца Тржан е позната како личност што јасно и гласно ги искажува своите ставови и мислења, а овојпат предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи поради последниот твит.

Имено, пејачката ја искоментира контроверзната одлука за која „брујат“ САД деновиве, а се однесува на законот што забранува абортус.

Судејќи по трендот за абортусите и силувањата (силувачот има право да ја тужи жртвата што го абортирала плодот создаден од силувањето?!), а кој пристигнува од Америка, сите жени да се подготвиме за бели капички и црвени пелерини (The handmaid’s tale)!!!“, напиша Гоца.

Фото: Рајко Ристиќ

Во последната реченица, поп-пејачката алудира на популарната американска серија „Приказната на слугинката“ која се занимава со имагинарни настани во Америка во која апсолутната власт ја преземаат мажите, потчинувајќи ги жените доделувајќи им деградирачки улоги кои се однесуваат исклучиво на физичка работа и на продолжување на видот.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.