Guerlain Abeille Royale: Извонредните својства на медот во светот на убавината

Денеска го прославуваме Светскиот ден на пчелата

Брендот Guerlain со гордост учествува во одржување, чување и заштита на островот каде црните пчели произведуваат мед со извонредни својства кои се користат во нивната Abeille Royale франшиза.

На сите ни е познато дека пчелите произведуваат мед, кој во текот на својата историја, главно се употребувал како додаток во исхраната, но со текот на времето неговата примена е поширока.

Во светот на нега и убавина на кожата, медот има многу важна улога. Во чест на денешниот ден, ве носиме на мало „патување” до островот Оусан.

Островот Оусан, кој се наоѓа на само 18 км од брегот на Бретања, е биосферен резерват со екосистем на УНЕСКО, заштитен од пестициди.

Брендот Guerlain со гордост учествува во одржување, чување и заштита на островот, каде што црните пчели произведуваат мед со извонредни својства, кои се користат во нивната франшиза Abeille Royale.

За Guerlain, пчелите претставуваат секојдневен приоритет, затоа во соработка со Бретанската организација за заштита на црни пчели (Brittanny Black Bee Conservation Association) секој ден во последните 30 години, тие се посветени да обезбедат заштита на црните пчели.

Abeille Royale Youth Watery Oil – благодарение на извонредните својства на медот и најновите откритија во науката, нуди напредно решение за ефикасно справување со видливите знаци на стареење и целосно поправање на оштетената кожа.

Honey Cataplasm Mask е производ инспириран од импресивното влијание на медот врз кожата, кое дава беспрекорни резултати само по првото нанесување. Откако ќе ја извадите маската, веднаш ќе забележите дека Вашата кожа е посвежа, затегната и сјајна.

Оусан е мал остров, на чија земја црните пчели го нашле својот сигурен дом. Осумнаесетте километри што ги делат од брегот на Франција формираат непристапна природна граница, која ги штити од загадување и болести.

Веќе 30 години, Guerlain и Здружението за заштита на црни пчели се посветени на обезбедување конзервација на црните пчели.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.