Џилиен Андерсон: „Ако видам панталони што лежат на подот во дневната соба на мојот партнер, ги прескокнувам и одам понатаму“

Веќе не преговара во врската

Џилијан Андерсон (51), која од 2016 година е во врска со британскиот сценарист Питер Морган, признава дека има огромна разлика во започнувањето врска во доцните 40-ти години и во 20-тите години од животот.

Многу е различно. Мислам дека кога сте постари имате подобар систем на вредности и разбирање отколку кога имате 20 години. По завршувањето на претходната врска, седнав и направив список на моите потреби и желби за мојот иден партнер. Моите потреби не подлежат на преговори. Ако одите на состанок со некого и сфатите дека тој или таа нема да ги задоволи потребите и да ги исполни вашите очекувања, тогаш личноста не е за вас. Да, може да имате врска, но сигурно нема да бидете среќни“, рече актерката.

Холивудската актерка е мајка на три деца – Пајпер, 25, Оскар, 13 и Феликс, 11. Иако е во 3-годишна љубовна врска со Морган, не живеат под ист покрив.

Токму тоа е огромна корист во нашиот однос“, смета Андерсон.

Имено, во интервјуто за „Сандеј тајмс“, ѕвездата на „Досие Х“, рече дека ако таа живее со својот партнер, тоа би било крај на нивната врска.

Возбудливо е. Одбираме кога да бидеме заедно. Нема што да нè ограничи, ништо што предизвикува страв од: „О Боже, не можам да се разделам затоа што не знам што ќе се случи со куќата, парите, како ќе ги разделиме? И не се вознемирувам ако видам панталони што лежат на подот во дневната соба на мојот партнер – можам да ги прескокнам и да продолжам понатаму“, заклучува Андерсон.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.