Меган Маркл и принцот Хари се откажуваат од кралските должности?!

Нов шок за кралското семејство

Меган Маркл се согласи да го позајми својот глас за Дизни, а продукциската куќа за возврат ќе донира средства во добротворното здружение за заштита на слоновите, објави лондонскиот Тајмс.

Имено, војвотката од Сасекс и принцот Хари го шокираа кралското семејство кога неочекувано најавија дека се откажуваат од кралските должности за да поминат повеќе време во Северна Америка и да станат финансиски независни.

Весникот „Тајмс“ не откри за кој цртан лик Меган ќе го позајми својот глас, но објави дека Дизни за возврат ќе донира средства во добротворното здружение Elephants Without Borders.

Тајмс не го наведе изворот на информацијата, а Дизни и портпаролот на Меган се’ уште не ја коментираа оваа информација.

Извор: Слободен печат

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.