Ана Николиќ против уроци, бајачки и гатачки: „Страшно е во каква темница живееме“

Пејачката се стаписала од написите дека била под дејство на црна магија

Ана Николиќ објави жестока критика на својот инстаграм-профил по повод веста што ја пренесоа дел од медиумите, а во која е наведено дека била под дејство на црна магија и дека успеала да се спаси од вишокот килограми благодарение на течноста што и’ ја дала некоја гатачка.

 

 

View this post on Instagram

 

Laserski centar Mirjan…West-65….i moja Mira madjionicar!👑💃 @mirjanlaserskicentar

A post shared by ANA NIKOLIĆ (@ananikolicofficial) on

Кога ќе прочитам вакви примитивни и банални глупости, доживувам трансфер на нивниот срам! Страшно е во каква темница живееме и какво новинарство имаме! Никогаш не зборував многу за себе и за својот приватен живот, но како дете од свештеничко семејствомора да реагирам на вакви ИДИОТЛУЦИ! Јас сум христијанка, православна, верувам во господ, а секој нормален знае дека празноверието и суеверието се коси со нашата вера. Прости им, боже, не знаат што прават, не се свесни за сопствената несвесност!, меѓу другото, пејачката напиша на својот инстаграм-профил.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.