Џенифер Лоренс блесна на свршувачката со Куки Марони (ФОТО)

Забава во градината

Џенифер Лоренс и Куки Марони официјално се свршија! Вљубените гулапчиња организираа забава по тој повод во градината.

Идната невеста за оваа пригода избра долг фустан со длабоко деколте, дело на модните дизајнери Џил Линколн и Џордан Џонсон.

Тоалетата на 28-годишната холивудска ѕвезда е дел од L.Wells Bridal.

Фустанот беше надополнет со мала розова чанта на Роџер Вивиер и  сандали со високи потпетици на Касадеи.

Според гласините, свадбата на Лоренс и галеристот Марони ќе биде во близок круг од нивните најблиски роднини и пријатели.

Џенифер е во врска со Куки од пролетта 2018 година. Таа претходно беше во двегодишна врска со 50-годишниот режисер Дарен Арнхофски.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.