Актерот за семејната трагедија: „Загубивме три бебиња!“

Борбата за потомоство продолжува

Драган Маринковиќ Маца истакна дека тој и неговата сопруга не се откажуваат од дете, без разлика на тоа што загубиле три бебиња, и истакнува дека несреќата не ги поколебала во борбата за потомство.

Не се откажуваме! И двајцата сме здрави, а јас сум подготвен повторно да менувам пелени. Од претходните два брака ги имам синовите Лав и Фјодор Симеон, така што веќе имам големо искуство со деца“, истакна актерот и водител за „Информер“.

На Јована и’ беше ужасно. По несреќата, моравме да заминеме неколку месеци надвор од Белград за да се тргнеме од се’. Требиње беше нашето прибежиште четири-пет месеци. Таму убаво се одморивме од белградскиот хаос. Моравме и психички да се ‘рестартираме’ поради загубата. На Јована и’ бев голема поддршка во тие мигови. Тешко го поднесе тоа, затоа што и’ беше прва бременост. Некако испливавме од сето тоа и одиме понатаму. Грозно е што случаите како нашиот се многубројни. Голем број двојки поминуваат низ таа агонија. Не знам дали е од војните или од лошата исхрана“, заклучи актерот.

Фото: ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.