Актерката им ја донира косата на жените заболени од карцином на дојка

Откри што ја навело на овој чекор

Фото: Петар Ѓорѓевиќ

Актерката Јелена Гавриловиќ, за нашата публика позната по учеството во популарното ТВ-шоу „Твоето лице звучи познато“, одлучи да ја донира својата коса во благородни цели, а нејзиниот потег одекна на социјалните мрежи каде што ги покани сите да се вклучат во оваа акција.

Мајка ми ми ја подари мојата коса. Која ја чуваше од моето детство. Сакам на луѓето да им се подигне свеста за ова“, изјави Јелена за „Блиц“, а на својот инстаграм-профил го напиша следното:

Денес е Националниот ден на борбата против карцином на дојка. Во тоа име сакам ‘да им дадам сила’ на сите жени што водат битка со оваа подмолна болест така што мојата плетенка од детството ќе ја донирам за потребите за изработка на перики наменети за жените што во процесот на хемотерапија ја загубиле косата.“

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.