По медиумската бомба дека Алекс ја изневерува, заедно ги поместуваат границите (ФОТО)
„Прска“ од страст, љубов, емоции
Џенифер Лопез не може да ја скрие насмевката на лицето откако на заедничкиот одмор беше побара за жена од страна на својот емотивен партнер Алекс Родригез, со кого е две години во врска. Иако луксузниот одмор бил испланиран до најмали детали, Џенифер не ни претпоставувала дека ќе ја побара за жена.
Но само еден ден по обелоденувањето дека ја запросил популарната актерка и пејачка, во голем број американски таблоиди осамна насловот „Алекс Родригез има љубовница“. Но и по оваа медиумска бомба, љубовните гулапчиња не се смируваат.
На инстаграм-профилот на поп-дивата осамнаа прекрасни фотографии кои им пркосат на сите што жират невистини за нив.
Овие фотографии докажуваат дека нивната љубов е искрена, а хемијата и страста се толку очигледни што и нам не ни е добро…
Извор: „Story.rs.“
Фото: Guliver/Getty Images, Instagram