Ако сакате да имате среќен брак, мора да го имате ова цвеќе во дворот: Симбол на мир, здравје и благосостојба!

Старо верување

Според верувањето, младите брачни парови би требало да го насадат овој цвет во својот двор за да ги следи среќа

Со опојниот, сладок мирис и големите, раскошни, тркалезни пупки на преполните ливчиња нанижени во слоеви, божурите со векови се еден од омилените цветни видови и еден од најчестите украси на домот.

Без разлика дали се свежо набрани или се мотив на садовите или постелнината, му даваат нота на софистицираност на секој ентериер.

Божурите цутат во мај и во јуни, а еднаш кога ќе бидат набрани и ставени во вазна, можат да потрајат околу 5 дена. Колку почесто добиваат свежа вода, толку подолго ќе траат. Купувајте ги додека сѐ уште се во пупки, но откако ќе добијат боја.

Кога ќе ги ставите во вазна, додајте им средство што ја продолжува трајноста на цвеќињата, ставете ги во млака вода и по еден-два часа преместете ги на поладно место.

https://www.instagram.com/p/B_pc21slmZK/?utm_source=ig_embed

5 занимливости за божурот:

1. Божурите зрачат со женственост и нежност без разлика во која боја се, а постојат нежно розови, бели, жолти и во боја на вино. Марко Поло во една пригода ги опишал како рози со форма на зелка, што е прилично точен опис со оглед на тоа што ливчињата им се отвораат и тоа е една од најубавите глетки што можете да си ја замислите.

2. Овој неверојатно фотогеничен цвет потекнува од Азија, од каде што бил донесен во европските и американските градини заедно со шипката, камелиите, хризантемите, азалеите и магнолиите. Токму поради нивната раскошност и импозантна големина на цветовите, ѝ се радуваме на нивната сезона, бидејќи барем накратко ќе можеме во своите домови да уживаме во опојноста на нивниот мирис и изглед.

https://www.instagram.com/p/B_k17WOpV6a/?utm_source=ig_embed

3. Кинезите со векови го опишувале божурот како симбол на мир, стабилност и здравје, а уште од 7 век, овој цвет е познат како носител на добра среќа. Слики од божур неретко се подаруваат и се користат во ентериерите како амајлии за успех и среќа.

4. Друго кинеско верување го опишува божурот како свет кој позитивно влијае врз хармоничниот брачен живот на жените и мажите. Светот на љубовта, восхитот и женственоста цути во доцните пролетни и раните летни месеци. Белите божури симболизираат девојчиња и се сметаат за симбол на нивните мисли, но и нивната убавина.

5. Освен што опојно мириса и раскошно изгледа, божурот има и лековити својства. Наводно, позитивно влијае врз нервниот систем, го подобрува помнењето, го снижува холестеролот и позитивно влијае врз работата на црниот дроб.

https://www.instagram.com/p/BT1uaeRFX3b/?utm_source=ig_embed

Кралски цвет што го смирува умот: Мора да го имате ова цвеќе на балконот или во градината!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.