Се запознале кога имала 19 години: Славниот актер и 31 години помладата сопруга „фатени“ на плажа! (ФОТО)

Годините се само бројка, нели?

Фото: Инстаграм

Познатиот француски актер Винсент Касел и неговата 31 години помлада избраничка Тина Кунаки се „фатени“ пред неколку дена на една плажа во Рио Де Женеиро.

Овој пар инаку често го поминува своето време во овој познат бразилски град. Тие уживале во капење и сончање, а делувале заљубено како и првиот ден.

Касел ја гушкал и ја бакнувал атрактивната сопруга, а после тоа таа го допирала и го скокоткала, па двајцата имале широка насмевка и јасно се гледало дека се на седмо небо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)

Очекувано, далеку поголемо внимание привлекла госпоѓата Касел поради микро гаќичките кои едвај ги сокриле најинтимните делови од телото, а тоа јасно покажува дека таа нема проблем со самодовербата.

Од моментот кога тие ја открија својата врска, коментарите на социјалните мрежи беа поделени. Едни велат дека годините не се важни, додека други коментираат дека Винсент може да и биде дедо.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.