Поминал низ тежок развод, а потоа ја сретнал неа и оттогаш неразделни се веќе 22 години: На венчавката имале само двајца сведоци!

Љубовната приказна на Андре Агаси и Штефи Граф

Штефи Граф и Андре Агаси испишале тениска историја, а светот зборувал за нивната љубов по судбоносната средба што се случила во 1999 година

Легендарната германска тенисерка Штефи Граф (52) и американскиот тенисер Андре Агаси (51) повеќе од две децении се во брак, а иако со години ретко се појавуваат во јавност, љубителите на овој спорт се сеќаваат на времињата кога оваа двојка беше една од најпопуларните спортски двојки.

Одамна ги завршиле своите професионални кариери, а денес водат мирен семеен живот во населбата Самерлин во долината на Лас Вегас во Јужна Невада, покрај нивните две деца, синот Џејден Гил (20) и ќерката Џез Ел (18). Соседи им се мајката на Штефи и братот Мајкл со неговото семејство.

Семејството Агаси ги поминало новогодишните празници на планина, а моментите на уживање во зимската идила ги покажале на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andre Agassi (@agassi)

Многумина се согласни дека ќерката неодоливо потсетува на славната мајка.

Љубовната приказна на Штефи Граф и Андре Агаси потекнува од далечната 1999 година, иако и претходно со години се познавале и често се среќавале. Меѓутоа, 1999 година била судбоносна за оваа двојка.

Штефи од 1992 до 1999 година била во врска со германскиот возач на автомобилски трка Мајкл Бартелс, а Андре тие години проживеал и турбулентен брак со актерката Брук Шилдс.

Агаси поднел барање за развод од актерката на 9 април 1999 година, а на 24 мај ја сретнал Штефи и почнал да ја гледа со сосема други очи.

Две години подоцна, во 2001 година двојката го изговорила судбоносното „да“ во родниот град на Агаси, Лас Вегас во интимно опкружување, со присуство на само двајца сведоци, нивните мајки.

„Не знам дали се сеќаваш на тоа тато, но кога имав 29 години ми кажа да се оженам со Штефи. Тоа беше најдобриот совет што некогаш си ми го дал. И затоа, никогаш немој да престанеш да ми кажуваш што да правам“, му кажал во една пригода на својот татко.

Со говорот во чест на Штефи што го одржал пред нејзиното влегување во Тениската куќа на славните, ја расплакал и сопругата и сите присутни на церемонијата.

„Зборови што се доволно големи и вистинити за да го опишат срцето и душата на оваа жена што ја сакам, допрва треба да се измислат. Се прашувам што воопшто би можел да кажам за да му оддадам почест на начинот на кој го живееше својот живот и ги промени туѓите животи. Пред неколку години, започнав традиција на мала плоча за пишуваше која стои во нашата кујна. На крајот од секој ден земам креда и се обидувам да искажам што ми значиш. Понекогаш тоа е кратка реченица, понекогаш кратка приказна, но секогаш тоа се зборови што се прелеваат од моето благодарно срце. Дури ни по сите тие години кога ти пишував секоја вечер, никогаш не ми недостигале зборови што ја одразуваат светлина која ја донесе во мојот живот. Колку иронично е што сега ми недостигаат зборови, во овие неколку кратки моменти кога морам да го опишам сето тоа што длабоко го ценам кај тебе.“

Агаси во интервјуата често истакнувал дека тој и Штефи не ги форсираат децата да се занимаваат со тенис. Граф на врвот на кариерата била прогласена за најдобра тенисерка на 20-тиот век, а бројни угледни магазини ја сместувале меѓу најголемите спортистки во историјата.

Агаси исто така испишал тениска историја.

ОВА е најголемата љубов на Бред Пит: Го оставила пред венчавката и го шокирала! (фото)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.