Се одвои од „Фрајле“ и сега гради соло-кариера: Марија Мирковиќ има нова песна! (ВИДЕО)

Дали ви се допаѓа?

Со секоја нова песна, откако ја стартуваше соло кариерата, кантавторката Марија Мирковиќ (екс Фрајле) потврдува дека ужива во слободата на создавање песни, која ѝ дава можност на публиката да ѝ понуди и поинаков музички израз.

– Овој сингл можеби не е во мој стил, но конечно можам да експериментирам и да пробам нешто сосема поинакво, вели Марија за новата песна „Презирем самоќу“, која ја потпишува како текстописец, додека автор на музиката и аранжманот е Бранимир Михаљевиќ.

„Презирем самоќу“ е песна во која зборува дека знае што сака, а што не, и има поразличен музички израз.

– Иако песната стилски е поинаква од сите кои досега сум ги објавила, ми легна од прва. Има некој бит и грув кој ми е одличен. Дојдов кај Бранимир, ја пуштивме матрицата, го доработив текстот и за два часа ја снимивме песната. Не ја снимив само затоа што е модерна и за да ми донесе поголема популарност. Иако нема да се бунам и ако се случи тоа, вели Марија низ насмевка.

Нејзиниот ѕвонлив и чист глас совршено се вклопува во модерниот звук, а во спотот Марија ја покажа сета своја љубов и умешност во боречките вештини, кои маестрално се овековечени од режисерката Сандра Михаљевиќ, со која работеше и на претходните две видеа – во кои дестинации за снимање беа Венеција и Истанбул. Сега акцент е ставен на видеоефектите и танцот со кој се симулира „спортската љубов“ на Марија. Ова видео инаку е снимено во Загреб.

Марија својата кантавторска кариера трпеливо ја гради нешто повеќе од една година, а огромна поддршка добива и од бендот со кој работи со години; уште како членка на Фрајле – за кои, пак, ги напиша некои од најпознатите хитови; и кој и денес е тука за неа. Откако ја напушти групата Фрајле оствари мошне успешни музички соработки, па со Алка Вуица создава позитивни и енергични песни во кои се препознаваат сите жени, соработува со тенорот Мате Гргат, а групата Камби со хитот „Заљубљен“ беше најголемо изненадување на минатогодишниот фестивал „Дора“. Музиката оствари низа номинации меѓу кои оние за Златно студио, Хит на годината, а прогласена е и за најстримувана песна.

Марија сега ужива во градењето соло кариера, а новата песна и спот -„Презирем самоќу“, се доказ дека и публиката ќе ужива во музиката која ја создава оваа исклучително талентирана и сестрана кантавторка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.