Го скротила најголемиот заводник, а тој поради неа ги сменил строгите правила: Ја запознал кога имала само 10 години!

Леонардо Ди Каприо и Камила Мороне

Манекенката Камила Мороне неодамна била уловена на плажа во Малибу, а убавицата парадирала во минијатурно бело бикини и со нова боја на коса – портокалова, што навистина е голема промена, со оглед на тоа што со години ја знаеме како бринета

Камила, една од ретките природни жени во светот на шоубизнисот, се пофалила со рамниот стомак и убавото, заводливо деколте, но без проблем покажала дека и таа има мака со целулитот. Но тоа воопшто не го нарушува нејзиниот сексапил!

Инаку, ова е една од ретките ситуации кога папараците успеале да ја овековечат убавата 25-годишната убавица во бикини.

Да се потсетиме, Камила во јавноста е најпозната како девојката што успеа да го скроти Леонардо Ди Каприо, човекот кој важеше за најголемиот заводник во Холивуд. Интересно е што овој актер никогаш претходно не бил во врска со девојка постара од 25 години, а тој податок дури и станал интерна шега во Холивуд – ја споменала и Ејми Шумер при доделувањето на годинешните „оскари“.

Дали Камила ќе стане првата жена што го задржала Ди Каприо покрај себе, иако ја преминала таа горна граница – времето ќе покаже.

Двојката започнала врска во 2017 година кога манекенката имала само 19 години, а 22 години постариот Лео веќе го прославил 41-иот роденден. Но нивното познанство датира уште од подалечното минато. Имено, Камила и Лео се познавале уште кога таа била само девојче, со оглед на тоа што актерот му бил семеен пријател на нејзиниот очув, Ал Пачино.

И додека на почетокот од врската можеше да бидат видени заедно на егзотични одмори, луди забави и скапоцени шопинзи, како што стануваше нивната врска посериозна, така тие сè помалку се појавуваа во јавност. И покрај тоа, љубовта на Камила и Лео стануваше сè поинтензивна, а во декември 2020 година, двојката започна и заеднички живот.

Ниту едниот ниту другиот ја немаат коментирано својата љубов во јавност, а се шушка дека тоа е поради фактот што девојките на Лео потпишуваат договор за доверливост. Сепак, Камила во 2019 година накратко ја прокоментира нивната разлика во годините во едно интервју, велејќи дека секој би требало да биде во врска со кого сака.

Леонардо Ди Каприо ужива со девојка му на плажа: 23 години помладата избраничка мами воздишки во костим за капење!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.