Ќе го носам тоа додека сум жива: Српска пејачка силувана од свештеник кога имала 14 години! (ФОТО)

За ова прозборела во емисија...

Српската пејачка Зорана Симеуновиќ гостувала во една емисија каде прозборела за траумите од детинство.

Имено, пејачката била силувана како малолетна, според сознанијата на медиумите.

„Јас не сум единствена на која и се случило тоа. Ќе ја носам таа траума додека сум жива. Но, исто така сум благодарна на Господ што имам љубов и што покрај неа можам да пребродам се што е лошо – рекла пејачката.

Стева Симеуновиќ, композитор и текстописец, кој исто така прозборел за нејзината траума, рекол дека таа добро се бори со тоа и дека после се, таа не ја загубила довербата во луѓето и во Господ.

„Зорана не ја загуби вербата. Такви работи можат да влијаат погубно на младите луѓе. Таа дојде од  Острог вчера, беше таму седум дена. Има таму вистински пријатели, свештеници. Еден од нив беше и на промоција во Манти. Таа не ја загуби верата, туку од година во година е се посилна. Таа тоа го искажува преку хуманитарна работа – рекол композиторот.

Зорана потоа открила колку години имала во тој момент, но и како се чуствувала после страшниот злочин на свештеникот.

„Јас тогаш имав 14 години. Ти си дете тогаш, но со променето мислење за животот. Преку ноќ растеш, после тоа ти веќе не си дете, туку возрасна личност која потполно поинаку гледа на работите“ – рекла пејачката.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.