Ќерката на славниот актер откри детали од злоставување: „Ме допираше од пет години, тоа не беа татковски допири“ (ФОТО)

Одвратно!

Највозрасната ќерка на актерот Клаус Кински, Пола Кински тврди дека татко и повеќе пати ја силувал додека била малечка.

„Ме допираше и ме бакнуваше со отворени усни кога бев многу мала, околу пет или шест години“ – рекла во една прилика и кажала дека со години молчела, бидејќи се плашела дека никој нема да и верува, но потоа решила да ја прекине тишината.

„Како дете секогаш морав да го држам јазикот позади заби, бидејќи ми се закануваше. И зависев од него, од неговата наклонетост. Ми кажа дека сите татковци им го прават тоа на своите ќерки“ – вака го опушува односот со нејзиниот татко кој починал од срцев удар во 1991 година.

„Секогаш премногу ме допираше, ме дрежеше цврсто за да не можам да избегам. Тогаш имав четири или пет години и живеевме во Минхен. Инстиктивно препознав дека тоа не е татковски допир, туку повеќе од тоа“ – рекла таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.