Претепан познатиот српски тиктокер Вајваи: Утре ќе ги кажам деталите, благодарам што се грижите!

Тој бил претептан во градот Смедерово...

Познатиот српски тиктокер Андрија Миливојевиќ или познат како Вајваи (Wajwai) наводно бил брутално претепан пред неколку ноќи во Смедерево.

Со младиот Андрија таа вечер, во близина на музејот, биле неговите пријатели и колеги, тиктокерот Михаел Ибрановиќ Михалере од Хрватска, јутјуберот Милош Шариќ Шарке и синот на Мики Пањковиќ, јутјуберот и фризер Воислав Пањковиќ, дознава српски „Курир“.

Нив, засега непознати мажи, вербално ги нападнале, а потоа и физички го нападнале најпопуларниот тиктокер во Србија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by andrija lagan sam (@wajwai)

Како што дознава српски „Курир“, само Вајваи бил претепан, но не се знае зошто. Познато е само дека таа вечер со него биле неговите пријатели Шарки, Михаелхере и Воислав Пањковиќ.

Детали од бруталното претепување биле снимени и на мобилни телефони, па има снимки и фотографии од овој немил настан.

Отпрвин Вајваи негирал дека се случил инцидентот. Меѓутоа, кога спомнале дека постои видео, тој признал, но не сакал многу да зборува.

– Ништо не се случи. Немам повреди, ниту јас ниту моите пријатели. Не знам зошто нè нападнаа. Не би сакал да зборувам за тоа, би сакал снимките да не се објавуваат – изјави Андрија.

Во меѓувреме, Андрија на својата инстаграм-приказна објави дека дополнително ќе ги изнесе сите детали за инцидентот.

Вајваи се здоби со популарност со снимање видеа за Тикток, каде што има повеќе од 700.000 следбеници.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.