Брутално претепан познатиот рапер Текаши: Го шутираат на подот, се појави скандалозна снимка! (ВИДЕО)

Доби ќотек за сите пари...

Раперот Даниел Фернандез, познат како Tekashi 6iks9ine, брутално е претепан од страна на момци додека бил во теретана во Флорида.

На снимката која се појави на Твитер, се гледа група машки како стојат над него и го удираат додека тој се витка на подот во тоалетот.

На снимката исто така може да се слушнат момците како викаат на раперот да замолчи додека тие продолжуваат да го тепаат.

Адвокатот на Текаши, Ленс Лазаро, за ТМЗ рекол дека тој ја користел сауната кога групата мажи тргнале да го тепаат.

Адвокатот додал дека раперот немал обезбедување во собата за време на нападот.

Вработените во теретаната повикале полиција и итна помош кои го пренеле раперот во најблиската болница.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.