Познатиот актер БРУТАЛНО ПРЕТЕПАН во центарот на градот – Го претепаа хулигани, заврши во кома, а потоа почина

Тажно

Драган Максимовиќ Макса беше брутално претепан пред 23 години, по што падна во кома од која не се разбуди.

Над него се иживувале група неонацисти, поддржувачи на Рад Београд. Макса бил претепан во  ресторанот „Бели град“ бидејќи хулиганите, откако го загубиле натпреварот, мислеле дека е Ром поради неговата потемна кожа и тоа им било доволна причина за овој брутален напад.

Поради тоа што бил астматичар, дијабетичар и опериран на катаракта, Максимовиќ не им се спротивставил за да го заштити штотуку оперираното око. Сопственикот на ресторанот не му дошол на помош на гостинот во невола, туку сите ги избркал на улица, каде што безмилосното тепање продолжило пред очите на минувачите, кои ги вртеле главите про поглед на беспомошниот сограѓанин.

Кога конечно решиле да се откажат и да избегаат, за Макса веќе било доцна. Неговиот роднина го однел во Ургентниот центар каде што му биле констатирани скршеници на бутната коска и карлицата. На почетокот на февруари паднал во кома од која никогаш не се разбудил. Почина на 4 февруари 2001 година.

Драган Максимовиќ до последен момент одбивал да ги идентификува напаѓачите, барајќи „тие млади луѓе да не бидат уапсени“, па одговорните за неговата смрт до денес не се идентификувани.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.