Пијте ја оваа напивка пред спиење и масните наслаги ќе исчезнат: За 15 дена може да стопи и до 3 килограми!

Подгответе се за лето

Оваа напивка добро ќе им дојде на сите дами што се обидуваат да симнат некој килограм пред летната сезона

Масните наслаги на стомакот не се само естетски проблем, туку и здравствен. Наталожените маснотии во ова подрачје можат да доведат до зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.

Пронајдовме напивка што ќе ви помогне во симнувањето килограми од овој дел од телото. Со редовна физичка активност, многу брзо ќе ги забележите првите резултати. Правилото гласи: пијте ја секоја вечер пред спиење, бидејќи така ќе биде најделотворна.

Веројатно сé што ви треба за да ја приготвите веќе го имате во кујната, па процесот на слабеење можете да го започнете уште денес.

Состојки:
  • 1 краставица
  • малку магдонос
  • 1 лимон

Се приготвува едноставно. Треба да ги ставите сите состојки во блендер и да додадете чаша вода. Изматете го сето тоа, додека се претвори во сок и еликсирот за слабеење е готов.

Еве како влијае врз телото и масните наслаги:

Краставиците се познати по малиот број на калории и големата количина на вода. Магдоносот дејствува како природен диуретик, а содржи и витамини А, Б, Ц кои го контролираат задржувањето вода во организмот додека спиете. Лимонот ќе ѝ даде подобар вкус на напивката, а ќе придонесе и за подобра работа на цревата и дигестивниот систем.

Чудотворна напивка за слабеење: Се пие на празен стомак, ги топи килограмите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.