Почнува сезоната на прекрасните петунии: Еве што да направите за да ви цутат побујно!

Разубавете ја вашата градина

Многу убаво цвеќе, а едноставно за одржување

Можете да одгледувате петунии од семе, но процесот е многу полесен и поефикасен со садници. Ги има во најразлични бои, а можат за кратко време да го направат вашиот двор бајковит. И што е најважно, многу се лесни за одржување.

Цутат во текот на пролетта и летото, па и до есента, што се овозможува со редовно отсекување на сувите цветови.

Ова цвеќе обожава сонце, но ќе успее и ако го ставите на некое место со делумна ладовина, најдобро на источната или западната страна. Секако, одбегнувајте ја северната страна.

Можат да бидат и стоечки и висечки, а на пазарот може да се најдат и еднобојни и шарени. Што се однесува до обликот, може да се најдат полузатворени, но и потполно отворени.

За време на летните горештини, треба да ги полевате и до 2 пати дневно, најдобро рано наутро, со дождовница или застоена вода.

За дохрана можете да користите ѓубриво на база на калциум или фосфор. Осетливи се на билни вошки, па се препорачува навреме да набавите заштита и да им овозможите да цутат што подолго.

Најлесно се одгледува ноќното цвеќе: Единствениот цвет што мириса и цути навечер им успева и на почетниците!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.