Поранешните партнери на Северина не се разделуваат: Откриле се, а целиот викенд го поминале заедно! (ФОТО)

Кој би рекол...

Српскиот бизнисмен Милан Поповиќ и Игор Којиќ, поранешните партнери на пејачката Северина, викендот заедно биле видени на стадионот ФК Железничар во Панчево.

Тој ден за ФК Железничар играл против тимот на Вршац, а кралот на бакарот дошол да го гледа натпреварот, а со него бил и Игор Којиќ. Како што во една прилика пишуваа српските медиуми, Поповиќ одлучил да му помогне на Којиќ да се пробие во менаџерските води.

Да потсетиме, до закопување на воените секири помеѓу некогашните ривали дошло спонтано, а ги поврзал заеднички пријател.

„Немам никакви лоши мисли против Игор, бидејќи така не би комуницирале, не е закана, сега сме во ист тим и заедно даваме голови, бидејќи играме за ист фудбалски клуб“ – објаснил неодамна Поповиќ, фалејќи го Игор дека е многу добар човек, успешен и квалитетен.

„Многумина коментираат дека Игор е изданик, дека за тоа земал голема сума на пари, дека сум му купил автомобил од 500.000 евра и не знам што друго. Ние потполно случајно се сретнавме на Хвар. Немав информација што се случува со него, службено знам дека се разведоа, но не знаев што се случува во тимот на Северина. Бевме на вечера на плажа, па потоа на доручек, буквално седевме еден покрај друг, рамо до рамо. Потоа Игор кажа: Извини ако имало нешто, јас завршив со таа приказна. Благодарен сум на него и на семејството Којиќ, бидејќи беа тука“ – раскажа неодамна Милан.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.