Поради ова на Северина и’ е одземено старателството! Врховниот суд ја смета пејачката за несовесна мајка (ФОТО)

Намален бројот на денови...

22 дена!

Северина Вучковиќ со денови протестира на социјалните мрежи, тврдејќи дека Врховниот суд во Загреб ја поништил одлуката на Жупанискиот суд во Сплит и старателството над нејзиниот син му го дал на таткото Милан Поповиќ.

Сега е откриено зошто судот донел ваква одлука, како и дека на Северина не и’ е одземено старателството, туку и’ е намален бројот на денови што може да ги помине со синот.

Имено, одлуката на Врховниот суд е наместо малолетниот син да поминува подеднакво време со таткото и мајката, тој во иднина да биде со Милан Поповиќ 22 дена, додека со Северина осум. Судот ја донесе оваа пресуда поради една од постапките на пејачката, која судиите ја сфатија како занемарување:

„Ваквата одлука на Врховниот суд дојде единствено затоа што во 2019 година, кога детето беше трето одделение, не одеше на училиште 46 дена, туку беше на турнеја со Северина, па таткото подоцна се вклучи во настаните и сега ситуацијата ескалира“, тврди добро упатен извор во настаните, а пренесуваат медиумите од регионот.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.