Втор ден по ред на исто место поради различни тужби: Раскажа детали откако заврши рочиштето (фото)

Рочиштето траело повеќе од два часа

Кој е како неа…

Хрватската пејачка среде битка за старателство, втор ден по ред се појави на суд, овојпат поради конфликт со вработените во училиштето во кое одел нејзиниот син!

Ден откако Северина Вучковиќ отиде на закажаното рочиште во Општинскиот граѓански суд во Загреб под обвинение дека ја прогонува Гордана Буљан Фландер, поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади во градот Загреб, и за испраќање навредливи пораки до директорката на училиштето Љиљана Клингер во кое одел нејзиниот син, сега е повторно на истото место, но поради други обвиненија.

Имено, се работи за тужба која е поднесена во април, поради инцидент во училиштето во октомври 2019 година. Откако таа не се појави на претходните две рочишта (во ноември и април минатата година), тужбата повторно беше поведена.

Наставничката бара од пејачката 70.000 куни обештетување.

Пејачката во судот дошла околу 9 часот, а рочиштето траело повеќе од два часа.

„За жал, морам да одам на суд, бидејќи тие што треба да ги тужам, тие ме тужат мене. Во принцип, убијте го гласникот“, изјави Северина.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.