#MakeItCount: Jack Daniel’s го прослави животот со забава за паметење

На здравје!

На 21 октомври, во отмената атмосфера на ресторанот Equilibrium Day & Night, Jack Daniel’s уште еднаш докажа дека е достоен вкус за посебни моменти.

Пријателите и блиските соработници на Jack Daniel’s имаа можност да наздрават за новите искуства и миговите што значат, и да дегустираат повеќе видови од најфраерскиот пијалак на светот.

Освен тоа, гостите беа охрабрени да го запишат она што отсекогаш сакале да го направат на специјално направени картички, и на тој начин да учествуваат во лотарија со вредни награди од домаќинот на забавата.

Директорката за продажба и маркетинг во AWT International Macedonia, Сузана Јанкуловска-Бицевска, ги поздрави присутните и ја откри нејзината желба што отсекогаш сакала да ѝ се оствари: да направи заедничко селфи од бината со сите гости! По извлекувањето на добитниците од лотаријата, забавата можеше да продолжи!

За доброто расположение и веселата атмосфера се погрижија музичкиот репертоар на диџеј Бабура Јуниор и поп-рок бендот „Саут парк“.

Меѓу гостите можеа да се забележат и познати лица од нашата јавна сцена, како што се ТВ-водителката Лила Филиповска и Јована Стојменовиќ, водителка и главна и одговорна уредничка на магазинот „Убавина и здравје“.

Со оваа успешна забава, Jack Daniel’s одржа незаборавна здравица за животот и нè потсети дека треба да ги цениме убавите моменти, истовремено давајќи ни поттик конечно да се осмелиме и да го реализираме она што отсекогаш сме сакале да го направиме! Let’s #MakeItCount

Погледнете уште фотографии од забавата во продолжение…

ТЕКСТ: Марија Лукаревска

ФОТО: Драган Митрески, Слободан Петровски

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.