Ја викале „жената со коњски заби“, а потоа отишла на стоматолог: Никој не можел да поверува дека станува збор за истата личност!

Трансформација

Џема Свифт имала тешка несреќа поради која забите ѝ растеле чудно и исфрлено нанапред, а потоа отишла на стоматолог и добила комплетно нова насмевка

Првото нешто што го забележуваат луѓето кај соговорникот при запознавањето се очите и насмевката. Па затоа, повеќето луѓе се трудат нивната насмевка да биде што поубава. Низ целата планета се расчу приказната за новинарката Керол Радзивил која дала неверојатни 13 милиони долари за да ги среди забите кај познатиот стоматолог Мајкл Ејп.

Но ја немаат сите таа среќа да имаат толку пари за блескава насмевка. Една од нив е Џема Свифт, која имала страшна несреќа на 6 години. Имено, како девојче Џема удрила со главата во бандера, поради што забите неприродно ѝ се исфрлиле нанапред.

Оваа жена зборувала за нејзината несреќа на телевизија, по што луѓето станале немилосрдни. Цела Велика Британија ја нарекувала „забестата жена“ и „жената со коњски заби“.

Таа со години по тоа гостување добивала страшни навреди преку Интернет, а потоа животот сосема ѝ се променил.

Имено, со помош на стоматолог, Џема добила комплетно нови заби, кои чинеле 11.240 евра. Но сите тие пари биле добра инвестиција, бидејќи Џема добила прекрасна насмевка.

Три години по првото појавување на телевизија, Џема повторно се појавила во емисија кај Џереми Кајл за да ги покаже новите заби.

Луѓето не можеле да им поверуваат на очите кога ја здогледале!

https://www.youtube.com/watch?v=V07wzQDb39E

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.